Општи информации
Оваа политика на приватност дава општи информации за обработката на лични податоци кога ја посетувате нашата интернет-страница и/или користите некоја од нашите административни услуги преку неа. Ги собираме само оние лични податоци што се неопходни за да ги оствариме нашите законски задачи и овластувања.
Контролор на збирки на лични податоци
Контролор на личните податоци е Afterwork. Личните податоци се обработуваат во согласност со одредбите од Законот за заштита на личните податоци.
Чии податоци собираме?
Можеме да собираме податоци за посетителите на www.afterwork.mk. Вообичаено собираме податоци за навигација за анализа на посетите и за одржување на информациската сигурност на веб-страницата. Повеќе информации се достапни во нашата политика за користење колачиња.
Категории на податоци што се обработуваат
1. Податоци за навигација
При посетата на нашата интернет-страница, серверот може да креира логови со следниве податоци:
- Интернет протокол (IP) адреса
- Уредот од кој пристапувате, вид и модел
- Оперативен систем
- Вид, додатоци и верзија на прелистувачот
- Посетени страници и времето поминато на нив
- URL на страницата што ве упатила и, во одредени случаи, користените термини за пребарување
- Јазик на прелистувачот
- Држава, утврдена преку IP адресата
Серверските логови автоматски се бришат во рок од 15 дена, освен ако околностите налагаат подолго задржување, на пример за истражување вирус или злонамерен напад. Серверите ги одржуваме самостојно, а активностите поврзани со логовите и анализата на посетите ги спроведуваме интерно.
2. Податоци што корисниците доброволно ги доставуваат
Ги обработуваме податоците што доброволно ги доставувате за конкретна цел, вклучително и за контакт со нашиот тим.
- Име и презиме
- Адреса
- Контакт телефон и факс
- Е-пошта
- Потпис
Како ги собираме личните податоци
Личните податоци може да ги собираме преку следниве канали:
- Преку користењето на веб-страницата, вклучувајќи ги формите за аплицирање и контакт
- Преку е-пошта на after@afterwork.mk
- Преку пошта
Категории на корисници и споделување
Обработката на лични податоци поврзана со онлајн услугите на Afterwork ја вршат вработените одговорни за тие услуги или лицата задолжени за конкретните активности.
Не споделуваме податоци за вас и/или за вашата посета со трети лица, освен по барање на суд, полиција или други надлежни органи и само кога постои законски основ.
Време на чување
Податоците се чуваат во согласност со закон и во периодот потребен за постигнување на целта на обработката, согласно роковите за чување на личните податоци на Afterwork.
Кои се вашите права?
- Право да бидете информирани за обработката на личните податоци
- Право на пристап до личните податоци
- Право на исправка и бришење на личните податоци
- Право на ограничување на обработката
- Право на приговор
Офицер за заштита на лични податоци
За дополнителни информации и/или остварување на вашите права, контактирајте го нашиот офицер за заштита на лични податоци, Ѓоко Ангелевски, на after@afterwork.mk.
Право на поднесување барање
Ако сметате дека начинот на кој Afterwork ги обработува вашите лични податоци ги повредува одредбите на Законот за заштита на личните податоци, можете да поднесете барање до Агенцијата за заштита на личните податоци како надзорно тело, согласно член 97 од Законот. Барањето може да се поднесе преку веб-страницата или преку контакт-информациите објавени во делот „Контакт“.
Промени на политиката
Политиката за приватност редовно ќе се менува и дополнува соодветно на настанатите промени и нашите активности.