Почна од едно пиво по работа.
Во 2023 немавме бизнис план. Имавме навика — по работа се собираме на пиво, се смеевме, игравме, се натпреварувавме за кој ќе части следна тура и си заминувавме дома со чувство дека токму тоа ни фалеше цел ден. Тоа беа нашите afterwork дружби. И оттука дојде името.
Наскоро сфативме дека тоа што го правевме меѓу пријатели, компаниите очајно го бараа за своите тимови — начин луѓето да се поврзат како луѓе, а не како колеги на состанок. Па почнавме да го организираме и за нив.
Од дружба — до продукт.
Уште во првата година организиравме десетици настани низ Македонија и Грција: еднодневни, дводневни и тродневни тим билдинг активности, дегустации во винарии, еднодневен пикник во вили со базен, забави под отворено небо со диџеј до доцна. Секој настан нè учеше нешто ново — и секој следен беше подобар.
Од тие искуства се роди целата наша понуда: тим билдинг, корпоративни настани, деловни патувања, retreat и wellness програми, обуки и консултантски услуги.
Едно нешто останува исто во сè што правиме — луѓето да се вратат дома со чувството што ни го даваа првите afterwork вечери.
Потоа дојде The Pub Quiz.
Нашата најголема љубов прерасна во свој бренд. The Pub Quiz е квиз вечер каде телефоните одат во кутија, а одговорите се пишуваат со пенкало — со водител, судии, жири и музички рунди. Во февруари 2026 го одржавме првото Корпоративно Pub Quiz Првенство со 12 компании, а потоа го отворивме за сите. Денес целиме кон квиз вечери минимум три пати неделно и второ првенство — уште поголемо.
Што нè движи.
Веруваме дека времето поминато заедно, без екрани и без задача, е најквалитетното време. Не организираме настани за да се пополни календар — организираме моменти по кои тимовите се сеќаваат подолго од која било презентација.
НАШАТА ПРИКАЗНА
2023 — Првото пиво. Afterwork дружбите стануваат настани за компании.
2023–2025 — Растеме. Десетици еднодневни, дводневни и тродневни тим билдинзи низ Македонија.
Февруари 2026 — The Pub Quiz Првенство. 12 компании, 4 понеделници, еден бренд повеќе.
Денес — Целосен партнер. Тим билдинг, настани, патувања, retreat, обуки и консалтинг под еден покрив.
2023-2026 бројки —
Основач —Ѓоко Ангеловски – Цуре