THE PUB QUIZ МАКЕДОНИЈА

Корпоративно знаење. Тимска забава. Вистинско првенство.

Pub Quiz Македонија е корпоративен тимски натпревар во знаење, осмислен за компании кои сакаат поинаков тип на дружење – забавно, динамично и со јасно изразен натпреварувачки дух. Квизот претставува внимателно балансирана комбинација од интелектуален предизвик, тимска стратегија и опуштена атмосфера, со цел да создаде искуство што ги поврзува луѓето надвор од секојдневните работни улоги.

Проектот е развиван повеќе од една година, низ детално истражување на корпоративниот пазар, анализирање на различни квиз формати и тестирање на концепти што најдобро функционираат за компании. Во процесот посебен фокус беше ставен на квалитетот на прашањата, динамиката на играта, фер-натпреварот и целокупното искуство на учесниците.

Целиот квиз е реализиран во соработка помеѓу Afterwork, Roosty, Matchmaker Marketer и Македонската Квиз Асоцијација, каде секој партнер придонесува со својата експертиза – од корпоративни настани и заедница, преку простор и угостителско искуство, до маркетинг стратегија и професионални квиз стандарди. Оваа соработка овозможува The Pub Quiz Македонија да биде повеќе од обичен квиз – да биде структурирано, професионално и автентично првенство наменето за компании.

Крајната цел на проектот е создавање квалитетно корпоративно искуство, кое истовремено нуди забава, поттикнува тимска поврзаност и ја разбудува желбата за здраво натпреварување, претворајќи го квизот во активност што тимовите ја очекуваат и паметат.

ТИМ ДО 5 УЧЕСНИЦИ

Секој тим брои од 2 до 5 членови, кои заедно одговараат на прашањата. Тимската стратегија, комуникацијата и брзината на размислување се клучни.

Тимовите может да се менуваат или пак да останат исти во текот на целото првенство, што создава континуитет, ривалство и вистински натпреварувачки дух.

КОРПОРАТИВНО ПРВЕНСТВО (4 КОЛА)

Pub Quiz е организиран како првенство од 4 кола, кои се одржуваат 4 понеделници по ред во текот на февруари.

  • Секое коло носи поени
  • Поените се пренесуваат од коло во коло
  • Победникот се одредува на крајот од првенството

Овој формат овозможува:

  • континуирана мотивација
  • стратегија низ повеќе кола
  • вистинско чувство на натпревар

ПРАШАЊА ПО ТЕЖИНА

Секое коло вклучува внимателно балансирана структура на прашања:

  • лесни

  • средни

  • тешки

  • бонус и изненадувачки прашања

Прашањата се дизајнирани да бидат достапни, но и предизвикувачки – така што секој тим има шанса, а најдобрите се истакнуваат.

КАТЕГОРИИ

Категориите се менуваат од коло во коло и опфаќаат:

  • Македонија

  • Општа култура

  • Музика

  • Филм и серии

  • Историја

  • Географија

  • Наука

  • Поп култура

Никогаш не знаете што следува – токму тоа го прави квизот динамичен и возбудлив.

СУДИИ, ПОЕНИ И ФЕР-ПЛЕЈ

Секое коло го следи професионален судија, кој:

  • ги контролира правилата

  • ги собира и проверува одговорите

  • ги води резултатите

Сè е транспарентно, фер и јасно – натпреварот е сериозен, но атмосферата останува забавна.

НАГРАДИ И ИЗНЕНАДУВАЊА

  • Дневни награди на секое коло

  • Финални награди за победниците на првенството

  • Бонус изненадувања во текот на сите 4 кола

Наградите се дизајнирани да ја поттикнат конкуренцијата и да ја зголемат мотивацијата до самиот крај.

Pub Quiz не е само натпревар – тоа е тим билдинг со интелектуална забава. Тимот се поврзува, се смее и се натпреварува со најдобрите компании во земјава. Секоја вечер во Rusty има мезе, пијачки по посебна цена и многу хумор!
Цуре
Организатор
Коло 1 Коло 2Коло 3Коло 4Вкупно
Tessa Group4646
SOS Detsko Selo4646
Netcetera4545
Orbico00
Sopro4141
Kemet4444
Galenika4141
A & BA4545
My Time4444
Consultants4848
Trgo Tekstil4242
Теми од интерес

Во соработка со:

after work Long
260712619_128666699571189_7679932314961760562_n