Аfter-work - политика на приватност
Оваа политика на приватност дава општи информации за обработката на лични податоци кога ја посетувате нашата интернет страна и/или користите некоја од нашите административни услуги преку истата. Ги собираме само оние лични податоци кои се неопходни да ги оствариме нашите законски задачи и овластувања.
Контролор на збирки на лични податоциКонтролор на личните податоци е Afterwork (во натамошниот текст:АЗЛП)
Личните податоци се обработуваат во согласност со одредбите од Законот за заштита на лични податоци.
Чии податоци собираме:Можеме да собираме податоци поврзани со следниве категории на лица:
Посетители на нашата интернет страна https://www.afterwork.mk/. Вообичаено собираме податоци за навигација кои се користат за анализирањето на податоците од посетите на нашата веб- страна како и за одржување на информациска сигурност на нашата веб страна. Повеќе за употребата на колачиња прочитајте ја нашата политика за користење на колачиња. (
Види колачиња).
Категории на податоци кои се обработуваат
1. Податоци за навигацијаПри посетата на нашата интернет страна серверот, за секој посетител се креираат логови со следниве податоци:
Вашата интернет протокол (IP) адреса;
Уредот од кој пристапувате, вид и модел;
Вашиот оперативен систем;
Видот на пребарувачот, plugins и верзија;
Страните кои ги посетувате на нашата веб-страна и времето кое го минувате на секоја страна;
URL на страната која ве префрлила на нашата веб-страна и во некои случаи, термините кои сте ги користеле во обидот да ја најдете страната на www.afterwork.mk;
Јазикот на пребарувачот кој го користите;
Држава (се одредува преку IP адресата).
Серверските логови автоматски се бришат во рок од 15 дена, освен доколку околностите налагаат подолго задржување, на пример, за да се истражи вирус или злонамерен напад. Самостојно ги одржуваме серверите и сите активности на веб страната ги спроведуваме интерно, вклучувајќи ги логовите кои се креираат и анализирањето на податоците кои се пренесуваат од посетите на нашата веб- страна.
2. Податоци кои корисниците доброволно ги доставуваатЛични податоци кои ги прибираме од Вашата посета на нашата веб- страна, се оние кои Вие доброволно ги доставувате за конкретни цели, како би ни овозможиле да ги оствариме нашите овластувања за контакт со нашиот тим.
Може да собереме некој од следниве категории на лични податоци: име и презиме, адреса, контакт телефон, факс, email и потпис.
Како ги собираме личните податоциЛичните податоци ги собираме преку различни канали, вклучувајќи:
преку Вашето користење на нашата веб страна, вклучувајќи ги овде и формите за аплицирање;
преку нашиот email after@afterwork.mk
преку пошта
Категориите на корисници на лични податоциАктивностите на обработка на лични податоци поврзани со on-line услугите достапни преку интернет страната на afterwork се извршуваат од страна на вработените одговорни за овие услуги или лицата задолжени за извршување на предметните активности.
Не споделуваме податоци за Вас и/или за Вашата посета на нашата веб страна, на трети лица, освен во следните случаи:
По барање на суд, полиција или други органи и тела за вршење на нивните надлежности и само ако постои законски основ за тоа
Време на чување на собраните податоциПодатоците кои ги собираме се чуваат во согласност со закон и периодот потребен за постигнување на целта на обработката и се утврдени во (прегледот) со рокови на чување на личните податоци на AfterworkКои се Вашите права?
Вашите права во однос на обработката на лични податоци се:
право да бидете информирани за обработката на личните податоци
право на пристап до личните податоциправо на исправка и бришење на личните податоци
право на ограничување на обработката на личните податоци
право на приговор
Офицер за заштита на лични податоци
За дополнителни информации и/или остварување на Вашите права за заштита на лични податоци, можете да го контактирате нашиот офицер за заштита на лични податоци Ѓоко Ангелевски на следниов e-mail: after@afterwork.mk
Право на поднесување на барање до Afterwork
Ако сметате дека начинот на кој Afterwork ги обработува Вашите лични податоци ги повредува одредбите на Законот за заштита на личните податоци, можете да поднесете барање до АЗЛП како надзорно тело, по која ќе се постапува на ист начин како и секое друго поднесено барање, согласно член 97 од Законот за заштита на личните податоци.
Барањето може да се поднесе преку нашата веб страна или на било кој начин преку контакт информации објавени во делот за КОНТАКТ.
Промена на политиката за приватност
Политиката за приватност редовно ќе се менува и дополнува соодветно на настанатите промени и нашите активност.
Датум на последн ажурирање: 10 април 2024 година