Пријави се за еднодневниот Pub Quiz кој ќе се одржи на 27.04.2026 во Roosty Skopje

Теми од интерес

THE PUB QUIZ МАКЕДОНИЈА

Afterwork стои зад организацијата на првиот корпоративен Pub Quiz во Македонија – формат што постави нов стандард за квиз-натпреварување кај нас. Интересот уште од самиот почеток беше огромен: повеќе од 50 компании покажаа интерес за учество, а 11 тимови беа дел од првото првенство.

Секое коло се одржуваше пред публика од повеќе од 150 посетители, што потврди дека Pub Quiz не е само игра, туку вистински настан со енергија, динамика и натпреварувачки дух. Атмосферата, професионалната организација и внимателно креираните прашања го направија овој формат препознатлив и автентичен.

По успешното корпоративно првенство, се организираше и првиот еднодневен Pub Quiz настан кој исто така забележа голем интерес. Повеќе од 30 тимови покажаа интерес за учество, а 12 тимови беа дел од самиот настан, што уште еднаш потврди дека Pub Quiz форматот привлекува широка публика и силен натпреварувачки дух.

Сега, THE PUB QUIZ продолжува во нов формат – еднодневни квиз настани кои ќе се организираат во текот на годината. Правилата остануваат исти: тимови од 3 до 6 учесници, прашања со различна тежина, фер и транспарентно судење и награди за најдобрите.

Оваа страница ќе биде официјалното место каде ќе ги објавуваме сите информации за секој следен Pub Quiz – датум, локација, пријавување, теми и награди.

Следете нè и бидете дел од следниот Pub Quiz.

ТИМ ДО 6 УЧЕСНИЦИ

Секој тим брои од 3 до 6 членови, кои заедно одговараат на прашањата. Тимската стратегија, комуникацијата и брзината на размислување се клучни.

ЕДНОДНЕВЕН PUB QUIZ НАСТАН

Pub Quiz се организира како динамичен еднодневен натпревар составен од повеќе сетови, кои се играат во текот на една вечер.

  • Секој сет носи поени

  • Резултатите се собираат до крајот на настанот

  • Победникот се одредува на крајот од вечерта

Форматот овозможува:

  • интензивна и динамична игра

  • брза стратегија и тимска координација

  • вистинско чувство на натпревар во една вечер

ПРАШАЊА ПО ТЕЖИНА

Секој сет вклучува внимателно балансирана структура на прашања:

  • лесни

  • средни

  • тешки

  • бонус и изненадувачки прашања

Прашањата се дизајнирани да бидат достапни, но и предизвикувачки – така што секој тим има шанса, а најдобрите се истакнуваат.

КАТЕГОРИИ

Категориите се менуваат по сетови и опфаќаат:

  • Македонија

  • Општа култура

  • Музика

  • Филм и серии

  • Историја

  • Географија

  • Наука

  • Поп култура

Никогаш не знаете што следува – токму тоа го прави квизот динамичен и возбудлив.

СУДИИ, ПОЕНИ И ФЕР-ПЛЕЈ

Секое коло го следи професионален судија, кој:

  • ги контролира правилата

  • ги собира и проверува одговорите

  • ги води резултатите

Сè е транспарентно, фер и јасно – натпреварот е сериозен, но атмосферата останува забавна.

НАГРАДИ И ИЗНЕНАДУВАЊА

    • Награда за 1во место

    • Награда за 2ро место

    • Награда за 3то место

    • Дополнителни изненадувања во текот на вечерта

    Наградите се дизајнирани да ја зголемат неизвесноста и мотивацијата до последното прашање.

Резултати од 06.04.2026:

Име на тимПоени
The Artist formaly known as 5 до 1254
Consultants59
Медицински факултет55,5
Само знам дека нешто знам46
МАНУ од Тему61
Traffic Plus Media37
Договарачи52
The girls0
Startupers46,5
Lidl Brains41,5
Axios48
Skopsko Weiss47
Сватови40

Резултати од 23.03.2026:

Име на тимПоени
Roosty52
Ракета37
5 до 1245
Старосватови37
Consultants50
Ману од Тему51
Миле ми текна36
Медицински факултет42
Нинџи49
Самураи51
Брокери42
Само знам дека ништо не знам45
Буре барут47
Династија33
Нели ти реков38
Лозари39
Комити44

Резултати од 09.03.2026:

Име на тимПоени
Медицински факултет62
5 до 1257
Consultants55
Roosty55
Magma55
Кондезатори53
Блок Б53
Краток Спој45
Ману од Тему44
Јако Македонија42
FitKit Girl Gang42
Axius AI35

Резултати од корпоративното првенство:

Коло 1 Коло 2Коло 3Коло 4Вкупно
Tessa Group46395147183
SOS Detsko Selo46475346192
Netcetera45394953186
Orbico0414538124
Sopro41384345167
Kemet44415051186
Galenika41415141174
A & BA45445852199
My Time44435041178
Consultants48455350196
Trgo Tekstil42425051185

Во соработка со:

after work Long
260712619_128666699571189_7679932314961760562_n