Често поставувани прашања

Афтерворк е создаден со една цел – да го препуштите организирањето на вашиот настан или тимска активност. Нам ни се обраќате кога Вие и вашиот тим сакате да организирате неповторливо афтерворк-искуство. Преку само 1 состанок (или повеќе по ваша желба) – нашите експерти ќе ги дознаат вашите перефенци и ќе ви го организираат целото искуство.

Нашата компанија има тим кој е со повеќе од 20 години искуство на пазарот, со фокус на организација на различни настани и тим билдинг активности. Имаме успешни референци од многу компании и индивидуални клиенти. Закажете состанок со афтерворк-експерт и со задоволство ќе ви го презентираме нашето портфолио од минато-организирани настани од најразличен тип.

Afterwork се истакнува со еден водечки и иновативен пристап – а тоа е креирањето на персонализирано адаптирани програми според потребите и целите на секоја компанија поединечно. Нашата цел е да креираме искуства кои ги поттикнуваат тимовите да ги постигнат своите цели и да ги зголемат своите перформанси.

Најчестите настани и активности што ги нудиме вклучуваат еднодневни тимски излети, тим билдинг активности во природа, корпоративни забави како и меѓународни тим билдинг патувања

Да, имаме различни пакетни понуди кои се прилагодливи за различни потреби и буџети. Во зависност од вашите преференции и барања, ние можеме да креираме персонализирани понуди што одговараат на вашите потреби.